речник контакт

Aвтобуска линија до гробиштата во Раштани

Наскоро ќе профункционира автобуската линија до гробиштата во Раштани

Петар Печков

На јавниот тендер за воспоставување на автобуска линија до гробиштата во Раштани се јавиле две компании со што се исполнети условите едната од нив да ја добие линијата. Надлежните од локалната власт очекуваат деновиве да седнат со превозникот кој понудил подобри услови, за да се договорат кога кој ден и во кој термин ќе сообраќа автобускиот превоз.

Неофицијално цената треба да биде 40 денари а автобусот би сообраќал преку викенд, во сабота и недела но останува да се договорат колку пати и во колку часот. Велешани ако сакаа да ги посетат гробните места на блиските во Раштани  мораа да плаќаат по 120 денари во еден правец со такси возило.

Ваква линија имаше пред неколку години, но таа бргу згасна, откако дивите таксисти возеа некоја минута пред автобусот за иста цена и ги собираа патниците, па линијата како нерентабилна се укина. Превозникот со подобрата понуда  Пан такси, сега очекува дека ваквата пракса уште во старт би се пресекла.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »