речник контакт

Eсента стаса астрономски

Дојде во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди а ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 минути. Рамнодневица ќе биде в петок

Петар Печков

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата започна денеска во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди. Во истовреме на јужната Земјина полутопка  почна пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Велес  изгреа во 6 часот и 21  минути, а ќе зајде во 18 часот и 29 минути. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути. Мсечианта ќа изгрее во 15.19 а ќе зајде  1.46 по полноќ

По доста топлото и релативно сушно лето,денес на северната хемисфера започна есента. Овој  ден воедно е познат како есенска рамноденица, односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциум). Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 8 минути подолго (вистинската рамноденица со по точно 12 часа ќе биде во петокот)..

Оддалеченоста на Земјата од Сонцето денес  е  околу 149,5 милиони км (близу просечната вредност), а брзината на Земјата околу Сонцето ќе изнесува 29,8 км/сек. д средата, до 22 декември, ноќта постепено ќе се зголемува (секој ден по околу 2 минути) достигнувајќи 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа.  Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 минути кога настапува зимата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »