Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2016
И годинава Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ќе се одржи во затворено, во велешки театар. Причината иста како и лани, на античкиот театар во археолошкиот локалитет ,,Стоби,, се врши конзервација, реставрација и реконструкција на вториот дел од театарот, подземните ходници.
Кога ова ќе биде завршено посетителите ќе можат на седиштата да доаѓаат токму преку овие коридори. За следната година е планирано да се работи на поставување на три илјади седиште во театарот. Оваа година ФАД Стоби ќе одржува по 15-ти пат, слави јубилеј.
Се поизвесно е, гледајќи каква е состојбата на терен, дека фестивалот ќе се одржи на сцената на велешки театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. Во игра се два варијанти, едната како можност да се игра на отворено и втората која е сигурна, дека ќе се одржи во сала. Разговараме со гостите, дали е возможно, да се направи преадаптација на сценографијата и да се игра во затворено – изјави Зоран Љутков, директор на манифестација која ја организира здружението ФАД Стоби.
Сигурен е терминот за одржување, а тоа е од 8-ми септември Денот на државноста и во следните десетина денови. Договорени биле осум претстави од Македонија и соседството, кои ќе се натпреваруваат за наградата ,,Афродита,,. За изминатите 14 години, на фестивалот гостувале повеќе од 60 претстави од 40-тина театари, од десетина држави.
Tweet |