речник контакт

Љубе Петров, мајстор за алва и локум

Четири децении во велешка Маслодајна ги подготвуваше кондиторските производи

Петар Печков

Велешанецот Љубе Петров сега  е пензионер, но затоа целиот работен век го мина во велешка Маслодајна. Од калфа, преку чирак, до главен мајстор за правење на алва и локум, традиционални македонски благи специјалитети.

 Додуша потекнуваат од Турција, но одамна се одомаќени кај нас. Тој ги минал сите скалила, за да ја произведува  надалеку познатата велешка алва и локум, за која беше наградуван на саеми и ја јадеа со задоволство низ поранешна Југославија.

Не правев само алва и локум, туку и таан и  бонбони.  Така го минав цел работен век, четириест и кусур години, во погоните  на Маслодајна.  Започнав    во фабриката ,, Јагода,,  па се фузиониравме со Маслодајна и таму завршив со работа, од таму се пензионирав - вели Љубе, кого го познаваат многумина од постарите велешани, како мајстор за кондиторски производи.    

Се вработил со 19 години веднаш откако завршил  средно, во 1969-та и постојано сите години негова релација за работа била од познатиот Којник, до вратите на фабриката ,,Благој Ѓорев,, близу Железничката  и назад. 

Учев од многу познати велешки мајстори, пред се од  Димче Палашев, па  од Алексо Картовалиев, Коце Трлинков,  Фидан Стојков. Тие не го криеја мајсторството, ме учеа како се прават благите. Сепак секој мајстор има свои тајни, не може без тоа. Остава белег, печат - додава Петров.  

Објаснува дека прозиводството на алва трае околу  три часа, се користи шеќер, гликоза, лимунска киселеина, таан и арома. Кога тој работел таанот  се носел од Судан и бил многу квалитетен.  Додава дека алвата се шарала  со какао отсекогаш, тоа е работа на вкус,  кој како милува, така ја јаде. Локумот пак се подготувал од нишесте, шеќер и лимунска кииселина,  ароми и вода а   за изработка потребни биле  2,5 часа.

Алвата се бараше   низ цела Југославија. Имаше саем во Нови Сад, таму алвата која ја произведувавме два пати освои награда за најдобра во тогашната држава а јас како главен мајстор бев горд  на признанието. Идеа и од Србија ја купуваа велешката алва.  Летно време не се купуваше толку, зимно два пати повеќе имавме поголемо производство,  не можевме да престасаме - вели Петров.

На прашањето што повеќе  се бараше порано,  кратко вели се   повеќе отколку денес  и локум и алва и таан.   Произведувал  свилени бомбони, јатма шеќер- шарени бомбони, драже бомбони, дропс бомбони,  чоколадирани бомбони од бадеми, или прелиени со прах шекер, широка било лепезата.

Бомбоните најмногу ги купуваа за свадби,  кога свекрвата по венчавката  фрлаше преку младите, заедно со ситни  пари, за ксмет, сладок  и долг брак. Бомбоните најмногу ги бараа за таа цел. Да додадам дека алвата  некој ја јадеа како појадок, со парче леб. Повкусно  од тоа нема  -   заврши Петров.

Така велешкта фабрика  ,,Благој Ѓорев,, освен по  маслото за јадење  и маргаринот ,,кристал,,  ги имаше за бренд алвата и локумот, кој четири децении ги произведуваше мајсторот Љубе Петров. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »