Петар Печков
Објавено: среда, 02 септември 2015
Министерството за здравство одлучи дел од заштедените средства за набавка на лекови во Јавните здравствени установи, да ги инвестира во комлетна реконструкција на Инфективното одделение во Општата болница во Велес. Ова на прес конференција го најави министерот Никола Тодоров.
Зградата е повеќе од 30 години стара и со пополнет капацитет. Целиот простор на инфективното одделение има капацитет од 35 болнички кревети, а во случај на зголемен број на болни, во сезоната кога има зголемена појава на случаи со грип, сместувачкиот капацитет се дополнува со уште 15 болнички кревети, -изјави министерот Тодоров.
Минатата година на ова одделение биле сместени вкупно 843 пациенти, со 5.451 болнички денови, а во првата половина од 2015 година биле хоспитализирани вкупно 473 пациенти со 3.215 болнички денови.
Покрај инфективното одделение, министерот Тодоров најави дека ќе биде извршена помала реконструкција во други одделенија од болницата, кои не биле опфатени со претходната реконструкција. За реконструкцијата на Инфективното одделение, Министерството почнало постапката за изработка на проект, по што болницата ќе објави тендер за изведба на градежните работи.
Tweet |