Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јануари 2014
Новогодишната ноќ велешани ја минале мирно, според полицискиот билтен. Имало трти нарушувања на јавниот ред. Еден случај било поради непочитување на сообраќајниот ред па двајцата возачи си размениле удари. Во вториот ред поради преку ред влегување на Бензинска имало исто така пресметка. А третата била во кафе бар Импакт, на заминување кога еден од гостите сакал преку ред да си ја земале облеката, па дошло до удирање.
Остана само енигмата кој беше возачот кој на први јануари беснееше на главната градска улица, во 5,30 наутро кога неговото возило целото во чад возеше по двете коловозни ленти, со силна бучава која ги разбуди жителите од централното градско подрачје.
Поради ваквото дивеење на возачот, црн спортски низок автомобил со црвени ленти, чии регистрации ен сед гледаа од димот, таксистите и другите учесници во сообраќајот бегаа по тротоарите. Трагите од возењето уште се видливи на улицата 8-ми септември. Овој инцидент не е пријавен во полиција, ниту еден до возачите и станарите не кренал слушалка, па остана тајна кои беа авторите на ова дивеење.
Tweet |