Петар Печков
Објавено: четврток, 19 септември 2019
Во текот на вчерашниот ден, среда, претпладне, во период од четири часа, сообраќајната полиција по вделешките улици, контролиала за техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.
Средата 18-ти септември, од 8 до 12 часот на територијата на СВР Велес направена е контрола на техничката исправност на автобуси и комби возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле откриени девет прекршоци од кои три во Велес. Останатите се четири во Кавадарци и два во Неготино - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
За сторените прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |