Петар Печков
Објавено: сабота, 01 април 2017
Петокот попладне на магистралниот пат Велес- Штип помеѓу Сарамзалино и Лозово, се случила сообраќајка, во која има еден починат и еден повреден. Инцидентот се случил околу 15,10 часот, кога патничкото возило излетало од коловозот.
Ж.Д. (63) од Скопје управувајќи ПМВ„Шкода Суперб“ со скопски регистарски ознаки, не ја прилагодил брзината спрема условите и состојбата на патот, слетал од коловозот во нива и се превртел. Од здобиените повреди на самото место починал сопатникот Љ.М. (63) од Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди- информираа од МВР. Брзата помош од Свети Николе повредениот возач го хоспитализирала во најблиската болница.
Увид извршиле ОЈО и увидна екипа од ПС ОН- Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Tweet |