Петар Печков
Објавено: сабота, 27 август 2016
Вопетокот вечер околу 20,45 часот кај село Лозово, автомобил удри во патнички воз. Автомобилот е оштетен а момчето минало без повреди.
Тоа доаѓало од правец на Кочани, возело кон Велес а удрило во патничкиот воз, т.н. шпанец кој сообраќал од Кочани кон Велес. И покрај спуштената рампа и вклучениот сигнал, тој минал преку преминот.
На патниот премин , магистрален пат А3 Велес- Штип преку железничката пруга Скопје -Кочани, во Лозово, се случила железничка незгода помеѓу автомобил „Мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (31 год) од Кочани и патничкиот воз бр.652 со моторна гарнитура 712-101/2, управуван од В.Ц. од Долно Лисиче- Скопје. Во незгодата нема повредени лица, причинета е само материјална штета – соопштија од МВР.
Во времето 20,55 до 23,10 часот, за време на вршење увидот железничкиот и патниот сообраќај на релацијата Велес – Штип, бил во прекин. Според сведоците на настанот возачот на автомобилот и покрај спуштената рампа и вклучениот сигнал, се обидел да го мина железничкиот премин, кај Лозово. Среќна околност според нив била што возот не возел брзо, па така возачот минал без повреди.
Tweet |