речник контакт

Автомобилот искршен, патниците неповредени, повторно туристи од Србија

Тричлено семејство од Ниш патувало на одмор во Грција.Од 2014-та до вчера загинати се 6 лица а 15 се полесно и потешко повредени, на делницата од автопатот Велес- Гевгелија,сите српски државјани

Петар Печков

Брачен пар од Ниш Србија имаа среќа и преживеаја тешка сообраќајка а од нивниот автомобил не останало ништо.  Ова го раскажуваат сведоците на настанот кој  се случил утрово во 6,40 часот на делницата од автопатот  Велес – Градско, на стотина метри пред наплатната рампа.  

 Од автомобилот шкода, со нишки регистарски таблички нема ништо, целиот е искршен и сплескан. Излетал од коловозот. Сите три лица   минаа лесно  - вели сведок на настанот.  

Тричлено семејство од Србија било на пат на одмор во Грција. Две лица со возило на Итната помош биле пренесени во велешката Болница. Дежурниот доктор од хируршкото одделение  рече дека повредените се надвор од животна опасност.

Беа донесени мајка и 14 годишна ќерка. По прегледот, беше констатирано дека немаат повреди,  и по некое време се  пуштени дома -  рече д-р Филип Тодоровски.   Сообраќајката ја потврдија и од СВР Велес. 

Црн е билансот на  сообраќајки кои српските туристи ги прават на делницата од автопатот Велес – Гевгелија.  Од 2014-та до  вчера  загинати  се 6 лица а 15 се полесно и потешко повредени, сите српски државјани .

На 28 јули 2014 кај Удово  загина осуммесечно бебе а седум лица се повредени во директен судир на два автомобили со српски регистарски таблички, „форд диеста“ и „шкода фабиа“. Едните оделе, другите се враќале од одмор од Грција.

На 12 јули 2015 на влезот од Демир Капија, возачот на ,,ситроен берлинго,,  ја пробил заштитана ограда и летнал, при што почина сопатничка а четворица беа повредни. Тие патувале на одмор во Грција.  

На 1 август  2015 во близина на Гевгелија во сообраќајка загинаа  три лица, мајка и двете нејзини деца на 10 и 8 години возраст, а   едно е тешко повредено. Возилото марка ,,Рено Меган,, со кое се превезувало семејството од Србија патувало кон Гевгелија, на одмор во Грција удрило во метален столб за вертикална сигнализација.  

Вчера  на 1 јули  на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“ се  случи  сообраќајка во која загина таткото и сопруг, а жената и трите деца беа повредени. И тие патувале на одмор за Грција, кога  нивниот автомобил марка ,,,даеву,, излетал од автопатот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »