речник контакт

Агриа и Маслодајна меѓу 10-те фирми кои ја хранат Македонија

Едните обезбедуват свинско месо на пазарот другите масло за јдење. Анализа на Стопанска комора на Македонија. Кои фирми доминираат на пазарот за брашно, шеќер, кондиторски производи, месни преработки, леб

Петар Печков

Продуктите кои ја хранат Македонија ги произведуваат десетина домашни фирми. Тие го држат најголемиот дел од пазарот во кој има голема конкуренција. 

Според податоците од Стопанската комора на Македонија најголеми производители на свинско месо во земјава се фирмите „Агриа“ и „Единство“ од Челопек, кои покриваат половина од домашниот пазар. Што се однесува до потрошувачката на масло за јадење, македонските купувачи покажале дека ги преферираат домашните производители  велешка Маслодајна и „Брилијант“ кои доминираат со 70 проценти од пазарот.

Еве ги и другите фирми кои се доминанти на македонскиот прехранбен пазар. со пазарот на брашно доминираат „Жито лукс“ и „Жито Полог“, чиј удел е поголем од една третина од производството. Македонските граѓани најмногу јадат леб произведен од „Жито лукс“ и го пијат млекото на „Битолска млекарница“ и „Здравје Радово“. Двете домашни млекарници откупуваат половина од домашното производство на сурово млеко, а нивна е и третина од пазарот со финални производи, најчесто трајно млеко.

Најголем производител на месо во нашата земја е МИК од Свети Николе. Оваа компанија, освен најголем, има и најзаокружен производствен процес, што резултира со голем број различни финални производи на пазарот. МИК и „Промес“ имаат околу 30 проценти од домашниот пазар на месо.  „Европа“, „Витаминка“ и „Макпрогрес“ задоволуваат потреби на 60 проценти од домашниот пазар.

Што се однесува до потрошувачката на шеќер, во нашата земја многу голем дел стасува од увоз, особено од Србија, додека единствениот производител, Шеќераната во Битола, произведува половина од потребите на македонските граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »