Петар Печков
Објавено: петок, 11 мај 2012
Протоколите за соработка ги потпишаа првите луѓе на коморите на Велес и Панчево, Коста Нојков и Слободан Реза. Целта е зближување и размена на искуствата. Адвокатската комора на Велес брои 50-тина члена додека таа на Панчево 120.
Ова е убава можност, за потесна соработка на адвокатите од два града, од две земји. Тоа е почеток на размена на искуство, во интерес на адвокатурата - рече Коста Нојков претседател на Адвокатската комора на Велес. Иницијативата за збратимување е на м-р Оливер Гашев член на УО на Адвокатската комора на Македонија
Благодарам на гостопримството, кое како на колеги кое ни го пруживте. Адвокатите генерално имаат една заедничка цел, тоа е одбрана и заштита на човековите права и тоа врвен цел на нашата струка. Имаме многу нешта кои не поврзуваат од заедничката историја но и од Европската иднина која е пред нас– рече Слободан Реза претседател на Адвокатската комора на Панчево, која е стара повеќе од 160 години. Тој потсети дека во општина Панчево се зборуваат 26 јазика, меѓу нив и македонскиот а населбата Јабука е населена со Македонци.
Tweet |