речник контакт

Адеми, нема да се повтори историската грешка во Велес со топилницата

И општина Велес и граѓанскиот сектор ќе биде вклучен во наредните фази од процедурата за добивање дозвола за рестарт на топилницата

Петар Печков

Министерството за животна средина води крајно транспарента и законска процедура за рестартот на топилница, во интерес на  велешани, во интерес на државата,   нема да ја повтори историската грешка и да не ни се повтори случајот ОКТА, кога поради тоа плаќаше високи пенали.  Ова им го најави министерот за животна средина кој во Велес   се сретна со локалните власти, пратениците од Велес и со велешкиот граѓански сектор, одговараше на прашањето околу процедурата  и постапката за  барањето за рестарт на топилницата.   Надлежните велат ова е прв случај кога треба да се издаде ,,А,, интегрирана дозвола за тешка загадувачка индустрија, каде има жестоки реакции на јавноста за работата на инсталацијата, поради што им ја отежнува работата.

Во јавноста имаше дезинформации, кои предизвикаа реакции. Да бидам јасен Министерството нема дадено ниту одобрение ниту некаква студија, туку побаравме од инвеститорот да достави барање за оцена на влијанието врз животната средина од топилницата. Тоа се уште не сме го добиле. И Владата и министерството имаат јасен став дека нема да дозволат да се повтори историската грешка, но мораме да ги почитуваме процедурите околу  барањето за рестартот  и тие ќе бидат јавни и транспарентни. Во сите нив ќе биде вклучена општина Велес  и невладиниот сектор од цела Македонија.  Владата има заклучок, пред секоја одлука што Министерството  ја донесува за овој случај, таа да биде информирана и  активно е вклучена во овој проект, иако тоа не е законска обврска. Но заради граѓаните на Велес се одлучивме на еден ваков чекор. Во определувањето на обемот на  студијата за оцена на влијанието врз животната средина а ќе бидат вклучени и граѓаните на Велес. Тогаш ќе побараме инвеститорот да одреди и алтернативна  локацијата  и за сите други решенија, бидејќи не сме сега во таа фаза – изјави  Абдилаќим Адеми министер за животна средина.  

Тој потсети дека топилницата се третира како нова инсталација, бидејќи е затворена пред девет години па затоа процесот  до конечното решение  ќе трае со години. Главно при одлучувањето на  процедурата според него ќе биде локацијата и емисијата на загадување.

Како јавност покажавме дека будно ја следиме ова постапка, бидејќи сакаме таа да биде крајно транспарентна оти се работи за животот на идните поколенија. Нашите забелешки за досегашната процедура се прифатени и општината и граѓанскиот сектор ќе бидат натаму вклучени во неа. Очекувам дека таа  ќе заврши во законски рамки која ќе ги почитува волјата и желбите на велешани, топилница да не се  работи на постојната локација – рече  Горан Петров градоначалникот на Велес.

Тој потсети дека  општината ја започна постапката  за измена на Генералниот Урбанистички план и  таа е во тек. Со неа  се предвидува намената на реонот  каде е лоцирана топилницата  да се пренамени  од Г-1 која е за тешка и загадувачка индустрија, да се земени  со парцела за друга намена.  Докторите од Велес, кои беа на средбата побраа министерството да  ја земе во предвид здравствената состојба на велешани.

Потребно е во овој случај надлежните да делуваат превентивно а не да ги лекуваме последиците, како  досега. Бројните пациенти кој ни доаѓаат со тешки болести, децата со хронични, ние ги гледаме секојдневно. Затоа е потребно да размислуваме за граѓаните  и на државата, таа  да  не троши големи пари за лекување на нивното здравје, како резултат на тешките метали кои останаа во аманет од 30 годишното работење на топилницата – рече д-р Лили Чолакова Дервишова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »