Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јули 2014
Актерот Зоран Љутков остана без велосипедската и рибарската опрема. Засега непознати крадец (и) му ја украле оваа опрема вредна 3 илјади евра. Украден е велосипед Трек Мамба 29 од подрумските простории во населба Карпош 2 кај Драмски, во Скопје каде живее актерот.
Најверојатно во ноќните часови, некој насилно влегол во подрумот и ги украл велосипедот, опремата за возење и опремата за рибарење. Со обврските за Фестивалот Стоби и покрај малата Галена, немав можност да ги користам многу, но сега останав и без нив – рече актерот Љутков. Тој случајот го пријавил во СВР Скопје. Кражбата ја открил минатата седмица, но не е познат кога настанот се случил.
Tweet |