Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 ноември 2023
На локацијата Бела вода, во близина на езерото Младост, северно од Велес беа пошумени 23 хектари или 30 илјади садници дрвја на државно земјиште. Над стотина волонтери од Скопје и Велес учествуваа во масовната еколошка акција „Сончева гора“. Се засадуваше багрем, јасен и јавор.
Десетгодишниот проект за обнова на животната средина „Зелена сончева“е во организација на „Мен енд Маунтен“поддржан од Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство и шумарство и ЈП Национални шуми.
„После Делчево, Берово и Куманово, засадуваме во околината на Велес. Не се пошумуваат само голини, туку се враќаат во нормала опожарени предели, што е наш концепт. Благодарност до бизнис секторот кој е вклучени во акцијата.“ - кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделие и шумарство.
Проектот се состои од два дела, годишната пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ и акцијата за пошумување на државно земјиште „СОНЧЕВА ГОРА“, што се одвива наесен. За секои 10 килограми собран отпад, министерството посветува по едно дрво.
„Задоволство е кога се подржуваат добри практики за животната средина. Пролетта собиравме ѓубре, ги намаливме м количества кои с во природата. Денес сме тука за да ја засадиме зелената иднина. Во државата има многу локации, каде треба да се засадат садници за да се зголеми шумскиот фонд, кои се белите дробови на нашата планета“ -рече министерката з аживотна средина Каја Шукова
На акцијата учествуваа и дел до советниците од Општина Велс, како и градоначалникот Марко Колев и претседавачот на Советот, Зоран Љутков.
Стручњаците велат дека токму овој снежен прекривач одлично ќе дојде за да за зафатат младите садници багрем, јавор и јасен.
Tweet |