речник контакт

Акцијата за собирање габаритен отпад ќе се изведе од 6-ти до 8-ми мај

Граѓаните можат да пријавуваат габаритен отпад до 5-ти мај а собирањето и транспортот се бесплатни

Петар Печков

Поради кризната состојба предизвикана од вирусот ковид-19, пролетната акција за собирање на габаритен отпад, годинава ќе се спроведе во периодот од 6 мај до 8 мај 2021 година.

Граѓаните имаат  можност потребата за собирање на габаритниот отпад од нивните домови да ја пријават во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 мај 2021 година (среда), секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, на следните телефонски броеви:
– тел. 043/233-768,
– моб. 075/206-845, 076/274-000 (од 07:00 до 11:00 часот),
– моб. 075/303-168 (од 11:00 до 15:00 часот).
За габаритен отпад се подразбира: Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи; санитарии: кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет школки, славини за вода, огледала; градинарска опрема: огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи; друг габаритен отпад: ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

Потсетување, габаритниот отпад не изнесувајте го на јавни површини и не оставајте го до контејнерите за отпад пред да се обратите до ЈКП „Дервен”, бидејќи услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »