Петар Печков
Објавено: четврток, 20 јануари 2011
Општината која брои повеќе од 30 отсто албанско население, беше цел на посетата на раководството на ДУИ кои беа гости во селото Горно Јаболчиште и кај градоначалникот на општина Чашка Горан Пановски.
Али Ахмети изрази задоволство од третманот на албанските граѓани во општината и нивното учество во работата на Советот. Одговарајќи на прашањата од известувачите, Ахмети рече дека ги поддржува тутунарите од Сливник, Бузалково и Клуковец албански села кои минатата недела на протести по патиштата во велешко го бараа токму него да дојде и им помогне.
Тој не даде одговор зошто не отиде во овие села, но потврди дека тутунот треба да имаат подобра цена. Ахмети најави и подобри денови за две и пол илјади жители од Горно Јаболчиште, чии бројни поплаки можеше изворно да ги слушне.Ова и прва посета на Ахмети на велешкиот крај.
Tweet |