Петар Печков
Објавено: четврток, 31 октомври 2013
Велешкиот одбојкарски судија, интернационалецот Орданче Амбарков судеше натпревар од првото коло на ЦЕВ натпреврувањето, во женска конкуренција.
Во Бурса Турција се одигра средбата помеѓу Бурса ББСК и Фенербахче од Истанбул победија гостинките со резултат 0-3 (20, 19,13).Амбарков одлично ја завршил судиската задача а натпреварот го следеле околу 1200 гледачи. Тој судеше заедно со колешка од Романија, Вероника Пападопол.
Амбарков ќе суди и во следото коло во Русија, каде се сретнуваат екипите на Кимки Јужни и Атлан Баранович од Белорусија. Средбата исто така е од ЦЕВ купот, се игра на 3-ти декември а повторно ќе суди со колешка, овој пат од Хрватска Тања Крамл
Tweet |