Петар Печков
Објавено: четврток, 18 април 2013
Во велешкиот театар започнаа подготовките за нова претстава, која публиката ќе ја види во средината на мај. Тоа е ,,Американски Бизон,, од современиот американски драматург Дејвид Мемет во режија на Ненад Витанов. Претставата се најавува како текст за малите обични луѓе од соседството.
Текстот е напишан пред 30 години и ги надмина и преживеа сите промени во општеството. Тој го третира по наше кажано маалото, кое го име секаде и кај нас и во Америка. Приказна за маалски луѓе кои пред нос ја испуштаат животната шанса, која им дава можност да им се смени животот на материјален план. Какви се морални дилеми се јавуваат кај обичните мали луѓе. Имаме мала актерска екипа со силна енергија која ќе се посвети текстот - вели режисерот Витанов.
Претставата е дипломска работа на младиот велешки актер Фаик Мефаиловски а играат и штотуку завршениот дипломец од Кичево Влатко Толевски и гостинот од штипски театар Раде Рогужаров. Претставата премиерно се очекува да биде прикажана по еден месец. Таа е проект на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот надвор од средствата кои ги доделува Министерството за премиери
Tweet |