Петар Печков
Објавено: петок, 24 септември 2021
Младиот велешанец Ангел Петрушев, како член на македонската кајак репрезентација учествуваше на сениорското Светското првенство во кајак слалом на диви води, кое се одржува во Братислава -Словачка.
Петрушев е единствен натпреварувач од Македонија и тој возеше во К-1.
Во првата трка меѓу 80 учесници го зазеде 56-то место а во втората трка без 30-те најдобрите беше 24-ти. Од оваа трка 10-те најдобри влегоа во полуфинале.
Но останува фактот дека со само 18 години Петрушев е голема надеж на македонскиот кајак на диви води.
Тој пред почетокот на првенството беше дел од кампот посветен на млади кајакари, каде тренинзите ги водеа водечки светски кајак слалом тренери, на брзи води.
Tweet |