Петар Печков
Објавено: четврток, 13 април 2017
По повод 180 години од раѓањето и 120 години од смртта на истакнатиот деец, преродбеник, поет и дипломат на царска Русија во Риека и во Венеција, Андреја Петкович, се одржа трибина, во организација на локалната библиотека ,,Гоце Делчев.
Андреја Петкович е роден во Башино Село и како помлад брат на Константин во многу нешта ги следи неговите стапки. Се школувал во Одеса и Петроград во Русија. По завршувањето на студиите се занимава со дипломатска служба, публицистичка и преведувачка дејност.
Во “Цариградски весник” ја објавил својата позната песна “Глас од далека земја”. Во “Слово изгласено в велешкото училиште” се наоѓаат неговите биографски податоци, мисли за просветата и културата на Македонија и перспективи за национално будење и осознавање. Идејата на Петкович е словенско општество што треба да го замени грчкото.
Андреја Петкович е еден од најинтересните, најпровокативните личности од втората половина на Македонскиот 19-век. За жал и најмалку проучуваната и најмалку позната и афирмирана личност која се наоѓа под сенката на постариот Константин Петковиќ. Како млад, службеник на Министерството за надворешни работи на Царска Русија бил генерален конзул во Риека. Функцијата барала одговори во трговијата и економските прашања. Истражувањата покажаа дека рускиот дипломат, македонскиот просветител Андреја Петкович и неговото тамошно службување изнесувало 20 години. Тој не бил само успешен дипломат, тој комуницирал, имал одлични пријателски врски со Австрискиот император Цар Франц Јосиф Први, другарувал со црногорскиот владетел и поет Петар Петровиќ Његош и бил носител на највисоките државни ордени и признанија на императорите од Царска Русија, на Австро –Унгарија, на владетелите од Србија и Црна Гора – вели проф. д-р. Васил Тоциновски, кој го истражувал делото и животот на браќата Петковичи.
Истражувањата го работел со студентите од Филозофскиот факултет од Риека преку италијанските дневни весници ,,Воче,, и ,,Вареите,, при што се откриени низа делови од животот и делот на помладиот брат Петкович.
Се`уште малку знаеме за еден Македонец кој на најубав начин можеме да го актуализираме преку прашањето за идентитетот и посебноста на македонскиот јазик. Имено тој во една од двете најзначајни песни,,Глас од далечна земја,, во првиот воведен дел, кој е прозен текст , што е коментар за македонскиот јазик тој укажува на членот во македонскиот јазик што само тој го поседува и се разликува од сите други јазици посебно од бугарскиот. Членот како посебна идентификација на македонскиот јазик уште тогаш Петковиќ ја укажува и покажува на традицијата и континуитетот, посебноста и извонредноста на македонскиот јазик - додава Тоциновски.
Браќата Константин и Андреја Петковиќ во стручните кругови важат како втори близнаци за од македонската книжевност во 19 век , првите се струшките браќа Константин и Димитрија Миладинови. Неговиот постар брат Константин исто така бил професионален дипломат и тој бил 15 години руски конзул, но во Дубровник.
Константин Петкович е роден во Башино Село, во 1826 година. Се школувал во родното место, а подоцна заминал во Русија каде што студирал Словенска филологија на Петербуршкиот универзитет. Во изградувањето на Петкович како славист клучна улога има одиграно неговиот професор Измаил Иванович Срезњевски, познат славист од тоа време. Во „Исторически весник“ во Москва во 1898 година е објавен некролог по повод неговата смрт.
Константин претставува капитална, извонредна личност. Тој е поет, публицист, лексикограф, историка, остави извонредни значајни дела. Ќе биде добро ако и за него почесто да говориме за нив, да не ги оставиме да живеат само во пишаните текстови. Потребно е и да има и нивни спомен обележја. Кога во втората половина на 19 век се говорело за создавање на Македонска држава и кој би бил нејзин претседател. Одговорот бил Константин Димитриев Петкович, кој тогаш бил генерален конзул на Русија во Бејрут. За него во пишаните документи на историографијата стои дека Македонија има извонреден, неповторлив човек - објаснува Тоциновски.
Tweet |