Петар Печков
Објавено: среда, 27 февруари 2013
Овој викенд атлетичарот Кристијан Ефремов учествуваше на Балканијадата во Истанбул каде постигна одлично време и резултат. Тој на трката на 400 метри во сала истрча 49,87 што е негово најдобро време на затворено и негов личен рекорд. Со овој резултат Ефремов се пласираше на шестото место.
И покрај добрата форма на Ефремов а поради лошата материјална состојба на федерацијата таа одлучи на Европското првенство кое овој викенд се одржува во Гетеброг Шведска Македонија да учествува само со еден атлетичар, спринтер кој трча на 60 метри.
Тој минатата година учестуваше на Олимпијадата во Лондон и ЕП во атлетика во Хелсинки.
Tweet |