речник контакт

Барањата за откуп на земјиштето ќе се поднесуваат до 21 часот и без целосна документација

До четврток со работно време до 21 часот и без комплетна докуметнација ќе се поднесуваат барањата

Петар Печков

Откако ќе истече рокот за откуп на дворните места по едно евро за квадрат, ќе се направи анализа и ќе се види дали тој ќе се продолжи, најави  министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески.

Рокот истекува в четврток, а дотогаш Управата за имотно-правни работи за поднесување на ваквите барања ќе работи до 21 часот.Граѓаните кои во моментов ги немаат сите неопходни документи за да поднесат барање за откуп на дворно место за едно евро, ќе можат да го сторат тоа со минимална документација, а по истекувањето на рокот, ќе можат да ги достават преостанатите документи.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески, оваа одлука е донесена поради зголемениот број на граѓани кои во последен момент решиле да поднесат барање.Оние што ќе решат да го сторат тоа во наредните четири дена, по што истекува рокот, ќе можат да аплицираат со лична идентификација, а по 27 јануари, дополнително ќе ги достават документите што претходно не ги приложиле.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »