речник контакт

Баскер фест, петок и сабота во Велес

По пети пат во градот, улична забава во Младински парк

Петар Печков

Уличниот фестивал „Баскерфест" на 23-ти петок, и 24-ти јуни, сабота,  годинава по петти пат ќе се одржи  во Велес.  Местото каде ќе настапат бројни уметници од странство е  Младинскиот парк. Фестивалот е  со уникатен концепт и нова, поинаква понуда.

Баскерфест и нуди  на  публиката  улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за  несекојдневна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчари, сплет на културни, забавни и уметнички содржини.

Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест" е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат- најавуваат од локалната власт.  Присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители а кој колку сака  и може , може да ги награди учесниците со свој паричен  прилог.

Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарение на „Баскерфест", на оваа листа се вклучува и Македонија со овој  меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, еден од поголемите  настани од ваков вид во регионот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »