Петар Печков
Објавено: вторник, 22 септември 2015
Понеделникот утрото околу 7 часот, во велешката Брза помош е донесено бебе, старо десет дена. Го донела неговата баба, која барала помош за внучето а кое не давало знаци на живот.
Дежурните доктори констатирале дека бебето, кое било машко, е починато поради што веднаш била информирана полицијата и јавното обвинителство.
Тоа наредило обдукција на телото на бебето поради што е испратено во Институтот за судска медицина во Скопје.
Од полицијата само кратко изјавија дека преземаат мерки за расчистување на настанот. Бебето било петто во ова семејство.
Tweet |