Петар Печков
Објавено: среда, 09 септември 2026
Одговарајќи на советничко прашање од Игор Стојанов за годинашнава Питијада, на денешната седница на Советот, градоначалникот Марко Колев објави дел од имињата на музичките изведувачи кои ќе настапат на манифестацијата.
„Петок започнуваме традиционално со најмладите, децата од градинката, продолжуваме со џиновската пита пастрмајлија, завршуваме со Влатко Лозановски, сабота е балканската ѕвезда Наташа Беквалац а недела по барање на повеќе велешани е Црвена Јабука. Пред нив ќе пее Давид Темелков. Останатите учесници уште се договараат. На Велес му е потребна една голема манифестација, како оваа“ – рече Колев.
Датумот на одржвуање е традиционален, втората седмица на месец октомври, годинава од 9-ти до 11-ти, локацијата е иста, пред Панини.
„Кога ќе заврши изградбата на подземната гаража во центарот и новиот плоштад таму ќе се одржува во центарот на градот. Размислувам од следната Питијада да трае два дена, третиот ден некако нема голема посетеност, така ќе ги намалиме трошците и ќе донесеме поголема балканска ѕведза во сабота навечер“ – дополни Колев.
Организатор на Питијадата е Општиан Велес.
| Tweet |




