Петар Печков
Објавено: четврток, 14 ноември 2013
Уредувањето на улицата Киро Чауле во Населба Керамидна заврши. Целата предвидена траса од 150 метри изминатите денови беше пробиена, тампонирана а потоа беше извршено и бетонирање на улицата.
Таа беше и пуштена во употреба. Значајно е што за нејзина изградба, дел од сопствениците се откажаа од дел од нивното земјиште, за таа да се изгради. Градежните работи Општина Велес ја чинеа 500 000 денари. Градоначалникот при посетата истакна дека е задоволен од изработката на улицата.
„Фирмата изведувач ги заврши градежните работи за 10-тина дена. Отсега овдешните жители нема повеќе да газат во кал како досега – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Инаку улицата Киро Чауле се направи по барање на граѓаните. Некои од нив имаа и реакции на сработеното, на тоа што не е решен одводот на атмосферската вода, што создава вирови и езерца.
Tweet |