Петар Печков
Објавено: четврток, 02 мај 2024
Средата наутро на бреговите нa реката Вардар пронајдено, зaсега неидeнтификувано тело на маж. СВР Велес со детали за настанот.
„На 1 мај околу 8.30 часот, во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес пронашле тело на починато машко лице. Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.Се разгледува листата на изчезнати велешани изминатиот период, недели или месеци.
Доколку според изгледот и облеката лицето не може да го идентификуваат негови блиски, тогаш од тие што се сомневаат дека починатиот е нивен близок, се зема ДНК и се споредува дали таа се совпаѓа, по што може да се утврди и идентитетот.
Tweet |