речник контакт

Близу Демир Капија во камион пронајдени 103 мигранти

Возачот уапсен, мигрантите во прифатен центар во Гевгелија

Петар Печков

На регионалниот пат  Велес- Демир Капија, кај Прждевски споменик, во камион биле пронајдени 103 мигранти. Возачот на возилото се дал во бегство, но полицијата го уапсила. МВР со повеќе детали за настанот кој се случи вчера утро.

На 11-ти август  во 8.50 часот од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, било сопрено патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35 год  ) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Возачот на товарното возило, А.М.(37 год) од Липково се дал во бегство, но по кратко бил пронајден.Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија - информираа  од МВР.

Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите биле  сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Вчера, вторник, доцна попладне во близина на Ваксинце, кумановско во напуштено товарно возило  „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство, биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »