Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2015
Македонската пливачка Анастасија Богдановски на пливачкиот митинг одржан во Шарлот викендов, исплива норма за Олимпијадата во Рио- Бразил , следната година. Таа на патеката од 200 м слободно постигна време од 2.02.24 додека олимписката норма беше 2.03.13. Овој митинг е дел од квалификационите трки за Олимпијадата, признаени и влезени во календарот на ФИНА, светската пливачка федерација.
Ова е мое второ посигнато време на оваа патека, но значајно е што го испливав на трка која е влезена во календарот за квалификации за учество во Рио. Тренирам за да имам норма и за патеките од 100 и 50м. слободно. Мислам дека ќе успеам оти сум близу до потребните времиња - изјави Богдановски.
Таа тренира под водство на тренерот Боб Бовман, заедно со Мајкл Фелпс и Алисон Шмид Овие две пливачки светски имиња имаат заедно освоено 28 медали на Олимпијадите. Богдановска има испливано норма и за учество на СП во пливање кое во август ќе се одржи во Рускиот град Казан. Таа има пливано за Македонија на СП за кратки базени во Истанбул 2012=та и на Медитеранските игри во Мерсин Турција 2013 година.
Годинава пливачката Богдановски дипломира за јавно здравје на престижниот Џонс Хопкинс Универзитетот кој има дадено 27 нобеловци а студиите ќе ги продолжи следната година, откако оваа и ги посветува на подготовките за настап на Олимпијадата во Рио и на СП во Казан. Пливачката Богдановски живее, студира и тренира во САД а по мајка и Нада јаричквоа е велешанка.
Tweet |