Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 октомври 2019
На 11 октомври околу 20,30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци на ул.„Кочо Рацин“, В.К. (62) од Богданци бил физички нападнат од Н.Т. (60) од Богданци, додека бил на гости кај истиот и биле под дејство на алкохол. Велешкото Јавно обвинителство започнало истрага за дело квалификувано како убиство во обид.
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 60-годишна возраст од Богданци поради постоење на основано сомневање дека сторилo кривично дело – Убиство во обид. Осомничениот Н.Т. на 11-ти октомври околу 20.30 часот, откако претходно се довел во состојба на пијанство во која бил под дејство на алкохол од 2,97 промили во крвта, со умисла се обидел да лиши од живот на свиреп начин В.К.
Жртвата дошла во куќата на осомничениот околу 16 часот и двајцата заедно консумирале алкохол. Околу 20.30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во животно загрозувачка состојба. Ценејќи дека се исполнети законските претпоставки, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничениот - пишува во информацијата на ОЈО Велес.
Неделата на 13 октомври околу 15 минути по полноќ, часот бил лишен од слобода И.М.(28) од село Марвинци, Валандово кој при редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес -Скопје бил запрен додека управувал товарно моторно возило ,,ивеко’’ со скопски регистарски ознаки. При што во возилото биле пронајдени 45 лица- мигранти од Пакистан - информираа од Царинската управа. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Саботата на 12 октомври во 15,15 часот во СВР Велес бил лишен од слобода А.В.(28) од Велес поради постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело,,тешка кражба’’. При приведувањето физички нападнал полициски службеник- соопшти МВР.
Саботата на 12 октомври околу 10,30 часот во СВР Велес било пријавено дека во двор од семејна куќа на ул.„Благоја Страчковски“, по претходна расправија С.Р.(64) бил физички нападнат со тврд предмет од неговиот син Д.Р.(31) и двајцата од Велес - пишува во соопштението на МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Саботата 12 октомври околу 15,30 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар близу Полициската станица Чашка, при што биле опожарени околу две илјади м2 сува трева и смрека.Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Велес.
Неделата на 13 октомври околу 17 на брегот на реката Вардар, кај „Стар Мост“, додека рибочуварот А.К.(59) од Велес вршел контрола на рибарите, бил физички нападнат од Б.Т(37 год) и Д.Т.(39 год) од Велес, при што, му нанеле видливи телесни повреди. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави- информираа од МВР.
Tweet |