Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 март 2023
Во медиотеката од локалната библиотека „Гоце Делчев“ денес на пладне беше промовирања книгата „Развојни вредности“ од родно крајниот автор Божидар Јовиќ. Ова е негова 11 книга. Издавач е локалниот клуб на велешки автори, писатели, „Коста Солев Рацин“.
„Содржината на книгата е препорачана на основци и средношколци, на наставен кадар, за употреба на терминологија, кој секојдневно се користат во наставниот процес. Ваква содржина во досегашниот период, во Македонија, не е објавена. Оваа книга го унапредува македонскиот јазик со современи изрази, застапени во структурата на македонскиот јазик“- кажа авторот Јовиќ.
Промотор на книгата беше Лила Арсова.
„Авторот со современ поетски јазик, со чувства кои му се блиски, во и со секој стих го допираат лирскиот субјект. Таквите вредности се сраснати во стиховите и се секојдневна опстојувачка потреба и се составен дел на човечноста“- кажа Арсова.
Tweet |