Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 јули 2014
Пет дена секоја вечер велешани живееја за фолклорот, за музичкото наследство кое преку фолклорните ансамбли беше претставено на летната сцена од Амфитеатарот во Младинскиот парк. 20 ансамбли со 600 учесници од 10 земји, беше понудата која публиката со интерес а потоа и аплаузи како награда, ја следеше изминатата седмица.
Гости од Русија, Израел, Полска, Романија, Бугарија, Србија, Словенија. Турција, Италија понудија незаборавни вечери, во кој имаше што да се види и научи од наследството на секоја земја, пренесено преку музичката традиција. Русите кои беа изненадувањето за последната вечер, ја оставија публиката занемена со неколку нивни изведби.
Можеше да се слушне Калинка, Подмосковски вечери, песната на козаците. Женскиот вокален ансамбл со повеќе гласното пеење ги мамеа аплаузите од гледачите.
И козаците и вокалниот ансамбл пееја за љубовта. Таа е секогаш и секаде вечна тема на народното творештво. За среќна и несреќна љубов Тоа се песни од фолклорното наследство на централна Русија, додека козаците пееја песни од Кубанскиот дел – рече Олена Колисниченко, претставник на руските ансамбли. Козачкиот ансамбл Волнаја станица од Москва, кореографските ансамбли Варинка од Тула и Карусел кој како и вокален ансамбл Руск се од градот Васкресенск.
Тие за прв пат настапија во Македонија, каде имаа гостување и во Кичево и Охрид по што се враќаат дома. Публиката ја освоија кога сите заедно ја изведоа Македонско девојче, што беше изненадување на вечерта. Секој од учесниците имаше своја приказна за настапот. Така Италијанците се претставија со свадбарски обичаи.
Танцот што го игравме е свадбен, кога момчето ја бара девојката за сопруга. Тој е стар, традиционален на мојот остров и многу важен. Прикажува многу емоција и е полн со симболика - рече Гавино Пиас од Сардинија Италија.
Полјаците од составот ,,Истебна,, постои од 1901-та година. прикажаа овчарски обичаи од Карпатите, од делот каде се граничат со Чешка и Словачка. Словенците пак ритуали по раѓањето на детето.
Со нашиот танц го прикажуваме чинот на ден по раѓањето ан бебето, кога кумата го носи в црква. Таму секој нешто носи, Библија за верба, јајце за плодност, леб за има храна, потковица за среќа, лук за , паричник да има благосостојба - објасни Тоне Петровиќ од место Сеново близу Кршко.
Tweet |