Петар Печков
Објавено: вторник, 23 мај 2017
Недоаѓањето на екипата на Зорбас Победа до Миравци на Градски во неделата, во последниот натпревар од Третата лига Југ за Борец 1919, им донесе службени бодови на велешани со што како втори го завршија првенството. Од есен тие ќе играат во Втората лига –Исток. Од ова друштво таму се селат првакот Кожуф Гевгелија и Победа Валандово, додека од лигата испаѓаат 11-ти Октомври Прилеп и ФК Росоман од Росоман.
Во ова последно коло екипата на Превалец беше слободна, додека ФК Гемиџии во прилепско Обршани загубија со високи 8:1 од Партизан. Така ФК Превалец го заврши првенството на 4-то место а ФК Гемиџии се деветти од 14 екипи.
Викендов се играше претпоследното 22 коло на Општинската фудбалска лига. Од пет дури три завршија службено, па во последното коло недела аа Градски во меѓусебна средба вториот и првиот ќе решаваат за новиот првак, Бабуна и Илинден БС.
ФК ИЛИНДЕН БС - ФК МЛАДОСТ 4:1
ФК БИРЛИК - ФК БАБУНА 0:3 сл.
ФК МАРТОЛЦИ 2007 - ФК ФОРЦА НОВА 4:1
ФК Интернационал - ФК ТОПОЛКА 0:3 сл.
ФК БАШКИМИ 2008 - ФК ГОРСКИ 3:0 сл.
Т А Б Е Л А
1. ФК ИЛИНДЕН БС 19 16 1 2 54 15 49
2. ФК БАБУНА 19 16 0 3 75 17 48
3. ФК МАРТОЛЦИ 19 13 3 3 59 28 42
4. ФК МАК. СОНЦЕ 19 11 1 7 58 44 34
5. ФК ФОРЦА НОВА 19 10 2 7 46 36 32
6. ФК БАШКИМИ 20 10 2 8 41 36 32
7. ФК ТОПОЛКА 19 7 2 10 50 56 23
8. ФК МЛАДОСТ 19 5 5 9 24 37 20
9. ФК БИРЛИК 19 4 1 14 36 62 13
10. ФК ГОРСКИ 19 2 1 16 21 71 7
11. ФК Интернационал 19 2 0 17 22 84 6
ФК ГОРСКИ - ФК Интернационал
ФК ТОПОЛКА - ФК МАРТОЛЦИ 2007
ФК ФОРЦА НОВА - ФК БИРЛИК
ФК БАБУНА - ФК ИЛИНДЕН БС
ФК МЛАДОСТ Велес - ФК МАКЕДОНСКО СОНЦЕ
ЕКИПАТА НАБАШКИМИ СЛОБОДНА
В среда од 16,30Ч. се игра куп натпревар помеѓу екипите на ФК Борец 1919 и ФК Превалец а победникот ќе влезе во 16 -финалето од фудбалскиот куп на Македонија
Tweet |