Петар Печков
Објавено: вторник, 11 април 2017
Без победник заврши дербито на пролетта, во кое се сретнаа екипите на Борец 1919 и Кожуф Гевгелија, или второ и прво пласираниот тим на табелата во Третата лига Југ. Натпреварот заврши 1:1, по што разликата меѓу овие две екипи останува 8 бодови, но и натпревар повеќе за гостите. Велешани преку Левков при 0:0 не реализираа удар од 11 м. по што гостите поведоа а домаќинот израмни во 87-та минута преку Левков.
ФК Превалец убедлив против претпоследната екипа на табелата Росоман со 5:0. Со овие три бода и неочекуваниот пораз на Победа Валандово дома од Младост Удово со 1:3, овозможи превалчани да се израмнат со бодовите по 38 на третото и четвртото место, со тоа што третото место води во Втора лига. Гемиџии загубија во Миравци со 4:1 од Победа Зорбас но останаа на шестото место.
Во наредното 21 коло ново овој пат велешко дерби Гемиџии- Борец 1919 а Превалец повторно игра дома, сега го пречекува Дојранско езеро кој е деветти со 21 бод и шест победи.
Tweet |