Петар Печков
Објавено: среда, 14 септември 2016
Со високи 8:0 стартува фудбалерите на Борец во новото првенство од Третата лига Југ. Тие славеа над екипата на Дојранско езеро нa домашен терен. Победи и Превалец на гостувањето во прилепско Горно Коњари, над истоимената екипа со 3:0.
Пораз на стартот забележа новајлијата во ова друштво Гемиџии со убедливи 4:0 од Кожуф во Гевгелија. Во второто коло Борец повторно игра дома, со Напредок од Крушеане- прилепско, кој во квалификациите за влез во ова друштво ја елиминира Бабуна.
Превалец гостува, овој пат на Питу Гули во Крушево. Гемиџии играат во гости против Дојранско Езеро во Дојран.
Стартуваа и екипите од Општинската фудбалска лига, постигнати се следенети резултати.
Бабуна – Мак. Сонце 1:2
Башкими – Интернационал 6:0
Горски – Мартолци 3:4
Форца Нова – Илинден БС 1:2
Тополка – Бирлик 3:2
Младост слободен
Во второто коло, викендов играат:
Мартолци - Башкими
Бирлик –Горски
Младост – Бабуна
Мак. Сонце – Форца Нова
Илинден БС – Тополка
Слободен Интернационал
Tweet |