речник контакт

Бродот Љубов Орлова, бесцелно лута по океаните

Бродот од југословенско производство бил тежок 4.000 тони, а можел да пренесе 110 патници и членови на екипаж

Петар Печков

Бродот кој е изграден в о пристаништето Краљевица 1975 година, по нарачка од Русија денес бесцелно лута по морињата. Името го добил по позната руска филмска актерка.   Се било врадено во бродот во Краљевица,  единствено нешто што барале Русите е навигациските уреди и комплетната опрема за кујната да бидат нивни. Зошто било така, не е познато. 

Брод со години успешно пловел и во сурови услови, па издржал и бури, а своите задачи успешно ги извршувал до 2006 година. Поради долговите на сопственикот на компанијата од 251 илјада долари, бродот е задржан на пристаништето „Св. Џон“ во Њу фаундленд во 2010 година.

Две години подоцна е продаден на компанијата „Нептун интернешнл шипинг“, која имала намера да го растури на делови. Компанијата требало да го префрли бродот до Доминиканската Република, па таму да се изврши поделувањето и можеби и продажба на деловите.

Еден ден откако бродот е извлечен од пристаништето, се искинало сигурносното јаже. Екипажот безуспешно се обидувал повторно да го фати напуштениот брод, но високите бранови и тешките удари од ветрот ги спречиле.  Набрзо бродот се упатил во меѓународни води и од министерството за сообраќај од Канада изјавиле дека не е опасност за канадските компании. Во текот на претходните години е виден како бесцелно лута по Атлантикот, а британските таблоиди пренесуваат дека бродот е веројатно преполн со стаорци.  

Бродот од југословенско производство бил тежок 4.000 тони, а можел да пренесе 110 патници и членови на екипаж.  Иако се мислело дека ова е бродот што пристигнал на крајбрежјето на Калифорнија, што звучи малку веројатно, утврдено е дека е речиси идентичен со бродот што пристигнал на крајбрежјето на Пацификот, а бил некогашна мафијашка коцкарница на вода, па не е поврзан со брод изграден во  југословенското пристаниште. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »