Петар Печков
Објавено: среда, 26 февруари 2020
Изминатата недела во велешко се регистрирани 468 заболени лица од грип, што е далеку помалку од седум дена претходно. Ова се бројките со кои располага Центарот за јавно здравје во Велес.За потсетување во втората седмица до февруари имаше регистрирано 808 болни од грипот.
И натаму најголем број на заболени се деца, на возраст од 5 до 15 години, 166. До четири години има 75 деца, во возрасната група од 16 до 64 години има 198 случаи и +65 години има само 29 лица.
За три седмици од месец февруари во велешко биле регистрирани 1.359 лица заболени од грип, додека во јануари имало само 88 заболени.
И натаму најмногу болни од грип на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Велес, има во Кавадарци , каде изминатата седмица имало 483 болни лица од грип а во втората седмица од февруари имаше 1049 заболени.
Иако просветните работници реагираат дека во некои одделенија имаат само по 5-6 ученици, надлежната комисија за заразни болести при Министерството за здравство не прогласи епидемија. Бројките покажуваат дека случаите на болни од грип се намалуваат
Tweet |