речник контакт

Бруцелозата кај овците во Велешко искоренета

Од 45.000 овци во велешките села 30.000 се целосно испитани и вакцинирани против бруцелоза. Анализите покажаа дека сите се здрави, без знаци за присуство на болеста

Петар Печков

 Од 45.000 овци во велешките села 30.000 се целосно испитани и вакцинирани против бруцелоза. Анализите покажаа дека сите се здрави, без знаци за присуство на болеста, информира директорот на Ветеринарната станица во Велес Димче Димитриевски.

Според него, испитувањето на крвта на животните се врши континуирано во поширокиот велешки регион, вклучувајќи ги  и општините Чашка и Градско.

- Поволната состојба во однос на бруцелозата е резултат на неколкугодишната владина програма што во континуитет ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Димитриевски.

Вакцинацијата е мерка со која превентивно се делува за сузбивање на болеста. Сите сточари се должни еднаш годишно да извршат попис на своите стада и да ги вакцинираат овците од ентеротоксемија, како и да ја пријават секоја промена на бројната состојба на добитокот. За тоа добиваат потвдра од Ветеринарната станица што, пак, е главен предуслов за добивање субвенции за овците

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »