Петар Печков
Објавено: четврток, 08 декември 2011
Од Државната пазарна инспекција ги потврдија инфорамциите, кои соседите на кафеанта Булетус ги кажуваа. Реакциите на жителите од нејзината околина беа дека таа работи после полноќ и дека од внатре се слуша гласна музика.
Таа во два наврати во октомври и ноември била затворена, поради прекршување на работното време. Биле фатени како работат после 01 часот преку викенд, до кога е пропишаното роботното време. За тоа им биле изречени две казни од неработа по десет дена, кои биле и испочитувани, тврдат од ДПИ, наспроти локланите кажувања дека кафеаната почнала да работи пред време.
Надлежните велат дека поради бројните поплаки на велешани овој објект е под засилена контрола и доколку било кој граѓанин констатира неправилност, било пушење, било работа по работното време, тоа да го напише на веб странтицата на ДПИ, без детали за имињето и презимето и инсепкциите веднаш ќе излегле на терен.
А еве ја и веб страницата каде можат да се остават реакциите на граѓаните на Велес за работата не само на овој објект, туку и на се друго што е во надлежност на оваа инспекција.
www.dpi.gov.mk
Tweet |