Петар Печков
Објавено: петок, 09 јули 2021
Поради големиот одѕив и интерес за вакцинација против ковид-19, утре сабота ќе работи вакциналниот пункт во спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“. И утрово таму граѓани кои треперливо чекале да започне вакцинацијата.
„Утрово повторно не пречека група граѓани од повозрасната категорија, која сакаше да се вакцинира без закажан термин. Интерес постои, затоа овој пункт ќе работи и утре сабота од 8 до 15ч. Што се однесува на вакцинацијата на бремени жени со „Фајзер“ досега кај нас во Велес, се нема пријавено ниту една, но затоа имаме голем број на доилки, кои доаѓаат и се вакцинираа“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинален пункт.
Таму продолжува вакцинација со втора доза на лица над 20 години, со „Фајзер“ и со „Синовак“, која ќе се извршува до крајот на месецот.
Од понеделник прва доза на вакцини, без термини, ќе се пуштаат во просторите на Здравствен дом, во поранешната ушна амбуланта. Таму до вторник ќе се пушта и втора доза „АстраЗенека“ за лицата над 70 годишна возраст.
Tweet |