речник контакт

ВМРО и СДСМ заеднички против градоначалникот Петров

Со едногласна одлука на сите советници, заеднички и братски ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја симнаа од дневен ред иницијативата на градоначалникот Горан Петров, двете Основни училишта Јордан Хаџи Константинов Џинот и Благој Кирков да се спојат во едно именувано Панко Брашнар.

Петар Печков

 ОУ Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинво Џинот ќе работат уште една година, па вработените можат да здивнат а парите од граѓаните во поголема мерка ќе се трошат на две училишта,  кој работат во една зграда.

Образложението за симнувањето на точката на советникот Александар Колев дека иницијативата е донесена во временски период премал за таа да се имплементира како и лажно изготвената анализа на аргументите од страна на стручните служби на локалната власт.

Ова пред се, се однесува на лажното претставување на минималниот број на ученици во одделение. Градоначалникот Петров сметаше дека во двете Основни училишта бројот на основци е под законскиот минимум, дека со ваквата работа се трошат повеќе народни пари за греење и други трошоци за тековно работење.

 

 Ваква иницијатива имаше и пред три години и тогашниот градоначалник ја симна откако немаше поддршка на двете најголеми партии, а вработените се бунтуваа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »