речник контакт

Вардар во Велес, како поточе и тоа во март

Под просечно ниво на реката, како што одамна немало

Петар Печков

Нивото на реката Вардар во Велес, мерено овој месец е далеку од просекот. Ова го покажуваат податоците на Управата за хидро -метеоролошки работи од Скопје. Ако просекот за месец март во Велес е 98 цм  од првиот ден измерените вредности се 70. Ова не податоци кои не  се забележани за месец кога реката треба да има далеку повисок водостој.  

Врнежите кои паднаа изминатиот период се под просечни, споредени со  подолг временски период.  Земјата е главно сува а нивоата на водотеците  во државата,  на кои се врши мониторинг  се под просечни  – стои во писмената информација на УХМР.

Месеците наназад, февруари, јануари измерениот водостој на реката Вардар во Велес постојано беше над просекот.   Поради ниското ниво деновиве во зимен период во Велес се појави среде град, островче кое вообичаено го има преку лето. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »