речник контакт

Велес и со парична и со материјална и логистичка помош за настраданите

Еден милион денари финансиска помош, и на настраданите им се ставаат на помош механизацијата, Интернатот и против пожарната единица

Петар Печков

На  Вонредна седница на Советот на Општина Велес, попладнево, се донесе решение за доделување на парична помош на Општина Гази Баба.

Таа е во висина од еден милион денари и ќе биде исплатена во две транши, првата половина деновиве и втората по усвојувањето на ребалансот на Општинскиот Буџет кој се очекува да  се донесе до крајот на месецов.  

Оваа Вонредна седница е свикана по пристигнатото барање на градоначалникот на Општина Гази Баба, кој побара било каква помош.  Донесовме  едно решение за финансиска помош,   која ќе биде уплатена на посебната жиро сметка  отворена за таа намена.  Усвоивме и три заклучоци  за помош на  населението. Со нив ги ставивме на располагање целокупната механизација  со која располага Општината, Јавните претпријатија кои се под нејзина надлежност, механизацијата   која што е најмена од Општина  Велес од  приватните градежни компании кои работа на одредени проекти за локалната власт. Вториот заклучок е дека ги ставивме на располагање капацитети на Ученичкиот дом ,,Лазар Лазаревски,,   доколку дел од настраданите семејства имаат потреба за времено сместување. Третиот заклучок е  дека ги ставаме на располагање и човечките ресурси  и механизацијата од Територијалната Против Пожарна единица на оштетените општини од невремето во Скопско – изјави  Александар Колев претседавач на Советот на Општина Велес.

Сите одлуки и заклучоци беа усвоени едногласно од 17 присутни советници.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »