Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 февруари 2016
Екипата на Велес одигра изненадувачки 2:2 во Скопје, против лидерот Железарец. Скопјани во 14-те досега одиграни натпревари немаат загубено ниту бод и затоа овој резултат е голем успех за велешката екипа.
Шатара во 6-тата минута израмнува на 1:1 а преку Андов во 26-та поведуваат со 2:1. Домаќините израмнуваат во финишот. Најдобар поединец на средбата бил голманот на Велес Влатко Петровски.
По овој бод, Велес е на 7-то место со 18 бодови во Првата футсал лига, а во 16-тото коло игра дома против Шкупи, кој е второпласиран со 30 бодови.
Во четвртокот, пак се одиграа осминафиналните натпревари од купот а Велес во салата Гемиџии со убедливи 5:1 ја совлада второлигашката екипа на Овче Поле од Свети Николе. Така влегоа во четврт-финалето. Паровите дополнително ќе бидат извлечени.
фото: http://kmfzelezarec.mk
Tweet |