речник контакт

Велес најбезбеден град во Македонија

Според статистиката на МВР

Петар Печков

 Според статистичките показатели на МВP на ниво на Македонија, најмалку криминал има на подрачјето на СВР-Велес. Во текот на првите девет месеци од минатата година во овој дел од земјава регистрирани се 788 кривични дела. Од СВР-Велес велат дека и во иднина ќе ја промовираат превентивната функција на полицијата. 

Безбедносната проценка што ја имавме за 2013 година се покажа како точна, односно, поставеноста на службите по време и по место согласно проблематиката на теренот даде позитивни резултати во смисла на успешно справување со сите безбедносни предизвици на кои наидовме – изјави  Анита Стојковска, портпарол на СВР-Велес, за дел од македонските медиуми 

Воспоставениот систем на интерресорната комуникација, координацијата и соработката во борбата против сите облици на криминалитет, прекршоците и асоцијалните однесувања доведе до висок степен на откривање, расветлување и документирање на кривичните дела, со што се постигнаа позитивни резултати во остварување на безбедносната функција од страна на Секторот, додаваат од велешка полиција.

 Сепак останува фактот дека годинава во Велес се случија три убиства, две се расветлени а последното третото се случи пред некој ден. Тука  се и трите изгорени автомобили на велешки судии под неразјасенти околности, како и четирите грабежи на едно исто казино во центарот на Велес, чии сторител(и) не се познати.    

Најмногу криминал во Македонија во анализираниот период  имало во Скопје па Битола, а на трето место е Куманово.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »