Петар Печков
Објавено: четврток, 07 септември 2023
Вчера, понеделник на пладне, при обид да биде застанат, моторист решил да бега и се обидел да удри полицаец. СВР Велес со детали за настанот.
„На 6 септември, среда, во 13.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27 год) од Велес. При преглед кај него и на мопедот кој го управувал биле пронајдени и одземени хероин и марихуана. Исто така, пред лишувањето, на улица „Богдан Каракостев“ во Велес, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што се обидел да избега и со мопедот да удри полициски службеник“ - информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветена пријава.
Tweet |