Петар Печков
Објавено: сабота, 11 април 2020
МВР информираше за сообраќајка која се случила вчера, петок, претпладне во Ресен. Во неа учествувал возач од Велес, кој удрил во пешак, кој пак се здобил со тешки повреди.
Петокот на 10-ти април, околу 10.45 часот на паркинг пред зградата на Општина Ресен, на ул.„Илинденска“, патничко возило „фолксваген каравела“, со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(41) од Велес удрило во пешак М.Ќ.(79) од Ресен. По незгодата М.Ќ. била пренесена во Здравствен дом Ресен, каде од лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда - информираа од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.
Tweet |