речник контакт

Велешанец давел полицаец за врат

И.Р. го нападнал полицаецот, по сторен прекршок од јавен ред и мир

Петар Печков

Понеделникот претпладне  околу 10 часот на ул. „Петре Прличко“, во близина на Автобуска станица,  велешанец нападнал полицаец кој бил на служба, го давел за врат и му удрил тупаница.

Според МВР  И.Р. (34) од Велес, откако претходно сторил прекршок  за  јавен ред и мир,   нападнал полициски службеник кој се обидел да изврши легитимирање.  

Сторителот со двете раце го фатил полицискиот службеник за вратот и го давел, по што со еден удар со тупаница го удрил во градите.

За да го одбие нападот и да го доведе во послушна состојба, полицискиот службеник употребил физичка сила, а со асистенција од групата за интервенција, И.Р.  е лишен од слобода и донесен во ПС Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »