Петар Печков
Објавено: вторник, 24 октомври 2017
Утрово во Демир капија, во сообраќајка смртно настрада велешанец. Тој бил прегазен на улица додека одел пеш. Од СВР Велес информираа за настанот.
На ден 24.10.2017 год. околу 06.00 часот во Демир Капија на ул.„Партизански одреди“ пред куќен број 84 случена е сообраќајна незгода, при што, патнички автомобил марка „Опел астра“ со неготински регистарски ознаки управуван од М.Н.(47) удрил пешак Б.Т.(72) од Велес, кој се движел на коловозот во ист правец како и автомобилот. Од добиените повреди пешакот починал на местото на настанот, кое е констатирано од страна на екипата за Итна медицинска помош од Неготино – пишува со информацијата на СВР Велес.
Во присуство на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци увид извршила екипа од полициска станица Неготино. Пред десетина дена, жител на селото Мамутчево загина кај Каратманово, додека пеш се движел по магистралниот пат Велес- Штип. Беше удрен околу полноќ од автомобил со кој управувал струмичанец.
Tweet |